Стечајните постапки се комплексни процеси кои бараат стручна правна поддршка за да се обезбеди заштита на интересите на сите инволвирани страни.
Нудиме:
- Консултации и правна анализа за можностите и последиците од отворање стечај
- Правна поддршка и застапување на доверители или должници во стечајната постапка
- Консултации за изготвување на план за реорганизација и реструктуирање на долговите
- Преговарање и застапување во процесите на намирување од стечајната маса
- Застапување пред стечајни управници, надлежните судови и други надлежни институции
Со нашето искуство и посветеност, им помагаме на клиентите да ги зачуваат своите права и да ги минимизираат финансиските загуби, нудејќи прилагодени решенија за специфичните предизвици на стечајниот процес.


