Енергетското право претставува клучен сегмент во регулирањето на енергетските ресурси, нивната распределба и користење во согласност со законите и подзаконските акти. Ние сме посветени на обезбедување на правна поддршка во оваа комплексна област, нудејќи решенија кои ги опфаќаат сите аспекти од енергетскиот сектор со фокус на инвестирање во обновливи извори на енергија.
Нашиот тим од искусни правници и надворешни соработници од електро-техничка струка со повеќе од 30 години работно искуство нуди консултации и правна помош во:
- Постапки за лиценцирање и регистрирање на пазарот на електрична енергија на енергетски компании
- Договори за производство, снабдување и трговија со електрична енергија
- Консултации за избор на снабдувач на слободен пазар на електрична енергија
- Заштита на животната средина и одржлив развој
- Обновливи извори на енергија и поддршка за зелени проекти
- Регулаторни прашања и усогласеност со националните и меѓународните стандарди
Со долгогодишно искуство во енергетскиот сектор, ние им помагаме на нашите клиенти да ги разберат правните предизвици и да донесат информирани одлуки кои се во согласност со нивните деловни цели и регулаторните барања.
Услуги кои ги нудиме
- ЛиценцирањеПомош во добивање на лиценци за производство, снабдување и трговија на електрична енергија.
- КонсултацииПравни советувања за усогласување со регулативи и политики.
- ЗастапувањеЗастапување на клиенти во спорови со енергетски компании.
- Проекти за обновливи извориПоддршка во развојот и имплементацијата на проекти за обновливи извори на енергија.


